Бизнис
30. November 2017 - 21:56

Биткоинот достигна рекордна вредност

Криптовалутата биткоин забележа рекорд во шестдневниот раст и за 12 часа нејзината вредност се зголеми за 1.000 долари на 11.000 долари. Сепак, по само неколку часа вредноста падна на 9.500 илјади долари.

- Како што знаат сите искусни трговци, се што скока толку нагло, уште побрзо паѓа, изјави маркетиншкиот аналитичар Џејмс Хјуз.

Биткоинот првпат забележа вредност од преку 10.000 долари во Азија, а 12 часа подоцна достигна вредност од дури 11.000 долари.

Со порастот на вредноста забележан е и пораст на нови корисници, а во BlockChain се запишале дури 100.000 нови купувачи и е остварен обрт од 19 милиони долари.