Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.
Како што рече Бислимовски, ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти.
Во зависност од блоковите, во зима 59,9 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 проценти, додека 35,5 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,6 до 8,8 отсто, 3,4 проценти од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8 до 11,2 отсто и само 1,2 отсто од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4 до 99,5 отсто. Во летниот период, во зависност од блоковите, 77,2 отсто од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 проценти, додека 21,8 отсто ќе имаат зголемени сметки од 6,7 до 8,8 отсто. Само 0,7 проценти од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8 до 11,3 отсто и 0,2 отсто од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4 до 100 отсто, објасни Бислимовски.
Тој подвлече дека блоковите важат само за високата тарифа, а за евтината, напомена, нема блокови и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика.
Во сметките, дополни Бислимовски, граѓаните ќе добиваат колку е цената на струјата и колку е мрежарината, односно збир од активната енергија и користењето мрежа.
Претседателот на РКЕ соопшти и дека енергетските компании побарале значителни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифатила сите нивни барања и одобрила многу помали проценти.
Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиона евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително, новата цена на електрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17 отсто, од 41 евра за мегават час на 48 евра, рече Бислимовски.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра