Бислимовски: Не верувам дека Русија ќе ја спречи испораката на природен гас

Мора како општество да научиме внимателно да ги трошиме енергенсите. И електричната енергија и нафтените деривати мора да се користат рационално, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги Марко Бислимоски.
– Сите фјучерси на енергенсите се зголемени за четири пати. Светлото од тунелот не се гледа. Затоа мора како општество да почнеме рационално да ги користиме енергенсите и да штедиме, рече Бислимоски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.
Бислимоски не верува дека ќе се стопира испораката на природен гас, но вели дека сите потрошувачи кои го користат овој енергенс се должни да обезбедат резерви на алтернативно гориво. Оваа обврска, вели, е регулирана во законските прописи.
– Тоа алтернативно гориво е мазут. Тоа е механизам кој обезбедува да нема застој во испораката. Иако искрено не верувам дека ќе се стопира испораката на природен гас – тоа во цела Европа би се одразило негативно врз економиите. Берзите се покажаа осетливи на секоја информација и со падемијата и сега со состојбата со Русија и Украина. Споредувајќи со минатиот понеделник има 30 проценти раст на цените.
Не очекувам дека Русија ќе направи потег со кој ќе ја спречи испораката на природниот гас, не верувам во такво сценарио, нагласи Бислимоски.
Во однос на цените, очекува ниво исто како и во последните денови.
Ново на Сител
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
