Македонија
24. May 2022 - 12:54

Бискупот Стојанов упати честитка до Г.Г Стефан и целиот македонски православен народ

Ваше Блаженство,

По одлуката на Вселенската патријаршија и евхаристиското општење меѓу Македонската и Српската православна црква, кое се случи деновиве во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во мое лично име и во име на свештенството, монаштвото и верниот народ на Католичката црква во Македонија ја искажуваме нашата радост за напредокот во единството со останатите Православни цркви и Ви честитаме на досега оствареното.

Примањето на Телото и Крвта Господови во Светата Евхаристија, прави Божјиот народ да биде потесно соединет со Господ Исус Христос и еден со друг, зајакнувајќи ја истовремено меѓусебната љубов и почит, правејќи едно тело и еден Дух.

Доверувајќи го целиот овој процес под заштитата на нашата Владичица, Пресвета Богородица, посакувам Божјиот благослов и Промисла да Ве придружува на овој пат, стои во честитката од бискупот Стојанов.