Свет
27. November 2015 - 8:45

„Билд“: Париските напаѓачи купиле автомати преку Интернет од Германија

Терористите кои ги извршија нападите во Париз на 13 ноември, купиле автомати преку Интернет од Германија, пишува денеска германскиот весник „Билд“.

Германските истражни органи утврдиле дека автоматите на теорористите биле доставени од Германија и биле купени од трговец на оружје преку Интернет.

Осомничениот трговец со оружје во моментот се наоѓа во истражен затвор во Штудгарт.

Според податоци на специјалните служби во почетокот на ноември тој продал четири автомати калашњикови. Од неговата електронска пошта станува јасно дека оружјето било продадено на „Арапи од Париз“.