Свет
26. May 2018 - 12:09

Бил застрелан трипати - наставник спречил масакр во училиште во САД

Ученик, вооружен со два пиштола, вчера отворил оган и повредил еден ученик и еден наставник во средното училиште во Индијана, информираат американските медиуми.

Наставникот Џејсон Симен од училиштето во Нобелсвил во американската држава Индијана, бил застрелан трипати кога го совладал ученикот на под и ги спасил неговите ученици.

Ученикот Итан Стоунбрејкер изјави дека најверојатно ќе имало уште  ранети, ако еден наставник не го совладал напаѓач, кој го извадил пиштолот и отворил оган додека класот пишувал тест.

- Нашиот наставник веднаш скокна врз него, го зеде пиштолот и го сруши на подот. Да не беше тој, сигурно ќе имаше уште повредени, вели Стоунбрејкер.

Властите веруваат дека напаѓачот дејствувал сам, но не дадоа повеќе информации.