Живот
21. јуни 2016 - 20:11

Бил прогласен за мртов, а по четири години се вратил дома

Еден средовечен човек кој бил прогласен за мртов пред четири години, се вратил жив во своето село во Кина.
 
Ма Јиксианг страдал од ментална болест и без трага исчезнал во 2009 година. Дури во 2012. година полицијата пронашла тело чија ДНК анализа потврдила дека „неименуваното тело и Ма Јиксианг имаат ист татко“.
 
Семејството го кремирало телото и пепелта ја закопалево село во провинцијата Хунан, а случајот за исчезнување се сметал за решен.
 
Неговите блиски потрошилемногу пари за споменик и тотеми околу гробот, со цел „ Змејови, феникси и два златни лава да го чуваат во задгробниот живот“.
Меѓутоа на 22 декември минатата година, на изненадување на многумина Ма се вратил дома.
 
Тој кажал дека бил киднапиран и продаден во илегална фабрика за производство на тули, каде што работел како роб. Таму работел три години, а потоа бил отпуште поради здравствени проблеми.
 
Неколку месеци живеел како бездомник на улиците на Хенгшаха, а подоцна бил примен во прифатилиште каде дал точна адреса од својот дома.
 
Подоцна полицијата ја контактирала месната заедница и го организирала неговото враќање.
 
За телото во „неговиот“ гроб се уше не се знае вистинското име.