Бизарно но вистинито
13. April 2016 - 17:17

Бил љубов на нејзиниот живот, се додека не открила дека ја силувал нејзината ќерка

Кетрин Сент Гермеин (34) од Колорадо се омажила за својот пријател од тинејџерските денови со кој мислела дека ќе го помине целиот живот се додека не дознала дека ја силувал нејзината ќерка Алиса (15).
 
Таа почнала да излегува со Арон Тајрел Скот после 20 години познавање. За него мислела дека е вреден, романтичен, харизматичен маж кој е и идеален татко. Поранешниот маринец зад себе имал еден брак и три деца, а неговата најстара ќерка е една година постара од Алиса.
 
Се венчале на 18 јуни 2014 година, Кетрин мислела дека тоа е љубовта на нејзиниот живот, но на 23 април наредната година добила повик од полиција само еден ден откако тој ја силувал нејзината ќерка.
 
Мајката поверувала на ќерката и веднаш го исфрлила монструмот од нејзиниот стан. Побарала развод, но тој тврдел дека ни е е крив. ДНК резултатите покажале дека Арон ја силувал Алиса, а на 20 јануари оваа година добил 90 дена затворска казна и осум години условна казна. За сето тоа да биде уште полошо, судот не ги известил бившата сопруга и мајка на негови деца, дека тој е педофил.
 
Кетрин решила својата приказна да ја сподели јавно на Фејсбук бидејќи сака да ги предупреди сите мајки дека вистинските монструми не се странци, туку луѓе кои ви се блиски и кои се однесуваат прекрасно, ја стекнуваат вашата доверба и се многу интелигентни.
 
- Знам дека сакате да верувате дека ова никогаш не би можело да се случи, но премолчувањето и чувањето на тајни е она што на предаторите им овозможува да минат неказнето. Секое петто девојче и секое 20-то момче се жртви на сексуално злоставување - порачува оваа самохрана мајка.