Живот
8. December 2017 - 10:22

Бик со сета сила се затрча кон девојче во инвалидска количка: Следуваше вистинско чудо!

Во Шпанија се случи ужасен инцидент кога бик се ослободил и почнал да трча по улиците.

Шокантната снимка го покажува разбеснетото животно како се затрчува кон девојка во инвалидска количка.

Бикот во таа прилика нападна многу луѓе, а снимката која кружи на интернет се најде на мета на многу критики. Имено, откако бикот го удрил девојчето во инвалидска количка, таа стана и почна да бега без никакви проблеми.

Многумина го коментираа негативно, тврдејќи дека таа се преправала дека е неподвижна за да проси.

Сепак, некои мислат дека во прашање е вистинско чудо.