Бијонсе со девет номинации на Греми наградите
Поп-ѕвездата Бијонсе освои намногу – девет номинации за доделувањето на следните Греми награди. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите денес.
Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста. Добитниците ќе бидат објавени на 31 јануари следната година.
Американката Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната награда – Албум на годината – заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Колиер, Блек Пума и „алтернативната ар-ен-би“ пејачка Џене Аико.
Бијонсе е присутна во номинациите, главно поради песната „Black Parade“, која ја слави црнечката култура и активизмот, а беше пуштена за време на минатогодишните протести против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците. „Black Parade“ ќе се натпреварува за песна и за спот на годината, заедно со „Don’t Start Now“ на Дуа Липа.
Албумот на Тејлор Свифт – „Folklore“ е номиниран за албум на годината, а нејзината „Cardigan“ – за песна на годината.
Во категоријата Најдобар нов изведувач се најдоа раперите Меган Ди Сталион и Доџа Кет, како и алтернативната уметница Фиби Бриџерс.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно