Живот
3. April 2016 - 10:41

Библиотеката во Даблин е стара 300 години и има над 200.000 познати наслови

Заборавете го Гинисовиот магацин и архив, Феникс Парк и Катедралата Свети Патрик. Вистинската атракција е во Даблин и тоа во библиотеката Тринити Колеџ. 

Библиотеката е изградена од 1712 до 1732 година, а во комората која е долга речиси 65 метри сместени се над 200.000 книги. Зошто толку? Од 1801 година библиотеката добила право на бесплатен примерок на секоја книга објавена во Велика Британија и Ирска. Покрај тоа што е најголема библиотека во земјата, таа исто така ја има „The Book of Kells‟, која ја напишале монасите пред повеќе од 1200 години, а сега е еден од најпознатите и највредните ракописи.

Кога следниот пат ќе се најдете во Даблин, не заборавете да ја посетите најголемата библиотека во земјата.