Македонија
12. April 2021 - 16:56

Безживотно тело на скопјанец пронајдено на пазaрот во Чаир

63-годишен скопјанец вчера бил пронајден починат на пазарот во Чаир. 

- На 11.04.2021 во 10.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К.(63) од Скопје, информира МВР.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.