Македонија
4. July 2022 - 8:39

Безбедно лето: 144 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Вкупно 144 возачи се санкционирани во вчерашната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес што ја спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.