Македонија
4. October 2022 - 10:14

Без вода корисниците од улиците „Отокар Кершовани“, „Чаирска“ и дел од село Ракотинци

Поради изведување на неколку водоводни приклучоци на ул.„Отокар Кершовани“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Отокар Кершовани“ и „Чаирска“.

Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:30 часот до завршување.

Поради уличен дефект ф 2“ на ул.7 бр.40 во село Ракотинци, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од ул.3 и ул.7 од 09:00 часот до санирање на дефектот.