Македонија
29. October 2020 - 9:38

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Поради технички зафат во дистрибутивна електро  мрежа без електрична енергија  утре ќе бидат повеќе делови на Скопје, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Од 08:30 часот до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Ѓорѓи Пулевски бр. 11 и  ул. Орце Николов бр. 137 и 139, во општина Центар.

Од 08:30 часот до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.Речиште и во период од 13:00 часот до 15:00 часот, без струја ќе бидат дел корисниците од  ул. Кавалска бр. 12 и 14, од општина Кисела Вода

Во период од 08:30 часот до 14:30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од  булеварот Кочо Рацин бр. 99 и булеварот 11 Октомври згради 38, 40, 42, 44, 46, во општина Центар.

Од 08:00 часот до 10:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. Душан Поповиќ бр. 11, 13, 15, 17, 19 и 21, од општина Бутел.