Македонија
6. March 2017 - 11:32

Без струја утре дел од Центар и Ѓорче Петров

Без струја утре од 8:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Костурски Херои“ од бр.49 до бр.59 во општина Центар.

Како што соопшти РЦУК, од 9:00 до 16:00 часот струја нема да имаат и дел од корисниците на населбата Стопански Двор, општина Ѓорче Петров.