Македонија
11. јуни 2018 - 11:47

Без струја одделението за управни работи во Куманово

СВР Куманово ги информира граѓаните дека објектот во кој е сместено одделението за управни работи е без напојување со електрична енергија поради дефект.
 
Според насоките од ЕВН Македонија што ги добила кумановската полиција, дефектот ќе биде отстранет до 15 часот.
 
СВР Куманово ги информира  граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за лични документи, дека ќе им  излезе во пресрет за да се стекнат со документите, веднаш по создавање услови за непречено функционирање.