Фудбал
11. November 2019 - 17:48

Без Алиоски и Тричковски против Австрија и Израел

Македонската фудбалска репрезентација  треба да одигра уште две квалификациски средби за ЕП наредната година.  Против Австрија во гости и Израел во Скопје.  Денес официјално стартуваа и подготовките за овие две средби. 
 
Селекторот Ангеловски на брифингот при првата прозивка соопшти дека повредите и натаму прават проблеми со составот  и  овојпат во комбинација нема да бидат Алиоски и Тричковски. Ново име во нашата репрезентација е  фудбалерот на словачки Ружомберок Тихомир Костадинов. 
 
Екстра проблеми за селекторот се и казните па на првата средба со Австрија нема да настапат Муслиу, Несторовски и Николов. 
 
Првата средба во Австрија  ја играме во четврток на 16. Ноември а три дена подоцна е средбата во Скопје со Израел која најверојатно ќе одлучи дали Македонија ќе биде трета во овој  квалификациски циклус.