Бизнис
17. јуни 2019 - 16:35

Бесплатен одмор за 1200 работници со ниски примања

Работниците со ниски примања и годинава ќе одат на одмор на државна сметка. Огласот е објавен и ќе трае до 30 август. Работниците кои не можат да си дозволат одмор ќе добијат ваучери во износ од 15.000 денари.

„Условите се исти како и во претходните години. За да добијат ваучер, работниците треба да достават доказ дека нето прихододт во семејството не надминува 22.000 денари“, вели министерот за економија Крешник Бекштеши.

Годинава за оваа намена се предвидени 20 милиони денари, а ќе бидат опфатени 1200 работници со ниски примања. Склучени се договори со 25 хотели низ македонските туристички центри. Ваучерите ќе мож=е да се користат заклучно со 30 номеври.

„Мерката има два апскети. Социјален, да се помогне на семејствата со ниски приходи можност да одат на годишен одмор. Но има и економски аспект со тоа што им се дава поддршка на хотелиерите надвор од труситичката сезона“, вели Бектеши.

Оваа мерка се применува трета година по ред. Министерот за економија е задоволен од резултатите. Лани 1700 работници добиле ваучер, што е за 12% повеќе од 2017 година. Најпосетени места во изминатите години биле Охрид, Попова Шапка, Маврово и Берово.