Ф1
8. September 2016 - 16:28

Берни Еклстон уште три години на чело на Формула 1

 
Берни Еклстон ќе остане уште три години на чело на Формула 1 иако американската компанија „Либерти медија“ ќе стане мнозински сопственик на најбрзиот тркачки циркус во светот. 
 
- Новите сопственици сакаат да останам уште три години. Сакаат да им помогнам во бројните обврски, а за тоа е потребно време, изјавил 80-годишниот Еклстон за новинската агенција Ројтерс.
 
„Либерти медија“ чиј сопственик е Џон Малон и која има 35% од удделот во Формула 1, наскоро ќе го преземе раководењето со овој спорт или подобро речено бизнис вреден 8,5 милијарди долари. 
 
Состанокот на одборот на Формула 1 на кој треба да биде официјализиран договорот е закажан за 13 септември.