-->
-->
Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар
-->
Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, а дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 58 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 49,5 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 49 денари.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,107 ден по килограм и ќе изнесува 25,831 ден по килограм.
Поевтинувањето се должи на намалувањето на нафтените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајка пријавила дека син ѝ ја нападнал пред угостителски објект во Драчево
-
21-годишно момче нападнато пред казино во Струмица
-
Одбил да застане и се обидел да прегази полицаец во Неготино
-
Петков: Направивме нешто неверојатно, за прв пат Брисел ја поддржа бугарската позиција
-
Џонсон сака Велика Британија повторно да се ангажира во Европа
-
Се воведува доживотен затвор за возачите кои усмртиле некого во сообраќајка во Велика Британија
-
Во Ирак над две илјади луѓе повредени во песочна бура
-
Османи: Сo фрлање дрва и камења по Албанците се прави обид за етнички јаз