Фудбал
16. February 2016 - 12:39

Бензема: Роналдо, ама Бразилецот, е најдобар

Голгетерот на гигантот од  Мадрид, Реал , Карим Бензема, смета дека Бразилецот Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата.
 
„Кога бев дете, начинот на кој играше Бразилецот Роналдо многу влијаеше врз мене. Мислам дека тој е најдобриот напаѓач и најдобар фудбалер во историјата. Гледав снимки од неговите игри и се обидував да го повторам тоа. Некои работи кои ги правеше едноставно е невозможно да се повотрат“, рекол Бензема.
 
Легендарниот Бразилец, во кариерата играл за ПСВ, Барселона, Интер, Реал и Милан, а во 2002 година беше најдобар стрелец на Мундијалот во Јапонија и Кореа, на кој Бразил ја освои титулата.