Loading Video...
Свет
7. October 2022 - 12:21

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Прогласени добитниците на Нобелова награда за мир. Белорускиот активист за човекови права Алес Бјалијатски, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи денеска ја добија Нобеловата награда за мир за 2022 година.

Луреатите на наградата за мир го претставуваат граѓанското општество во нивните земји. Тие направија извонредни напори да ги документираат воените злосторства, злоупотребата на човековите права и злоупотребата на власта. Заедно тие го демонстрираат значењето на граѓанското општество за мирот и демократијата“, се наведува во образложението на наградата која беше соопштена во Осло.

Норвешкиот Нобелов комитет ја чуваше листата на номинации во строго чувана тајна, а таа вклучуваше 343 имиња, меѓу кои 251 поединец и 92 организации. Пред прогласувањето на победниците, експертите шпекулираа дека главен фаворит за престижната награда е украинскиот претседател Зеленски.