Свет
3. јуни 2017 - 12:37

Белата куќа возврати на критиките поради климатските промени

Белата куќа возврати на критиките упатени по повод одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да се повлечат од Договорот за климата од Париз.

Советникот на Трамп за климатски промени Скот Пруит изјави дека светот аплаудираше кога САД се приклучија кон Договорот и покрај тоа што знаше оти тоа ќе ја доведе американската економија во неповолна ситуација.

- Зошто европските лидери сакаат да останеме? Тие знаат дека тоа ќе продолжи да ја кочи нашата економија, истакна Пруит.

Трамп во четвротокот изјави дека САД се повлекуваат од Договорот за климата од Париз, со што исполнува едно од своите главни предизборни ветувања. Но, неговата одлука наиде на критики од лидерите ширум светот.