Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп „целосно ги поддржува Израел и израелската војска и акциите преземени во последните денови во Појасот Газа“, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.
- Американскиот претседател јасно му стави до знаење на палестинското движење Хамас дека ќе живеат во пекол ако не ги ослободат сите заложници, а Хамас за жал избра да игра медиумска игра со човечки животи, рече таа.
Портпаролката на Белата куќа додаде дека Хамас „целосно е виновен за оваа ситуација поради неговиот насилен напад врз Израел на 7 октомври 2023 година“.
Палестинското исламистичко движење соопшти дека денеска истрелало ракети кон Тел Авив, што е прв одговор по обновувањето на израелските воздушни и копнени операции во понеделникот вечерта.
Според Цивилната одбрана на Газа, најмалку 504 лица, меѓу кои повеќе од 190 малолетни, се убиени од обновувањето на израелските напади.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
