Бектеши: Се укинуваат царинските стапки за 71 тарифна ознака
На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука да ги укине царинските стапки за 71 тарифна ознака кои се однесуваат на преработувачката индустрија, напиша денеска на својот фејсбук профил, министерот за економија, Крешник Бектеши.
Како што напиша Бектеши, со оваа одлука се задоволуваат барањата на стопанските комори и на поединечни компании кои побараа од Министерството за економија да им излезе во пресрет.
-Ова е една од мерките кои се дел од петиот сет мерки. Можноста за укинување на царинските стапки ќе важи од 1 феврури до 31 декември 2021 година, стои во објавата на министерот.
Попладнево и Владата соопшти дека на денешната 40. седница донела одлука со која компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.
-Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија за да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија. Предлог-листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, информира владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица