Македонија
12. July 2018 - 16:16

Бебе изгризано и тепано во скопска градинка, полицијата и труд и социјала истражуваат

Со длабоки угризи по телото, рани по нозете и хематом од удар по главата се вратило од градинка 11 месечно дете обвинува неговата мајка. Преку социјалните мрежи споделувајки ги фотографиоите како доказ таа тврди дека од воспитувачката не била ниту информирана за повредите и рекле само дека има угриз од инсект. Дека не работи за каснување и потврдила и матичната докторка, а случајот во полиција бил пријавен од клиниката за детска хирургија.

Во градинката ,,Раде Јовчевски Корчагин‘‘ во Центар денеска неколку часа на случајот работеа инспектори од МВР, а случајот го истражува и тим од одделението за инспекциски надзор за заштита на децата од МТСП.

Од градинката ,,Раде Јовчевски Корчагин‘‘ денеска не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека по извршениот разговор со негувателките тие рекле дека не биле забележани повреди врз телото на 11 месечното дете, ниту пак родителите не пријавиле повреди при земањето на детето од градинка.

Раководителката на детската градинка која за вршител на должноста била поставена пред неколку дена вели дека побарала од родителите да ги достават медицнските белешки, а ако имало пропуст ќе следувала дисциплинска постапка за негувателките, потврдувајки дека во градинката од први месецот се сместени и дечињата  од друг објект на установата.

Со слично соопштение излегоа и од министерството за труд и социјала.

-Поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните, велат од МТСП.

Токму пренатрупаноста на градинките како најсериозен проблем го посочуваат од првата детска амбасада Меѓаши, тврдејки дека е невозможно две негователки да се грижат за над 35 деца.

-Ова е проблем кој се провлекува со години, кој што кулмирнира и за кој што треба да се изнајдат начини како да се превенира. Ова не е дека дечиња се изгребале или случајно паднале, ова може да има сериозни последици врз здравјетои равојот на детето и ги повикувам сите институции и граѓанските организации да изнајдменачин за најдобриот интерес на децата за вакви работи да не се повторуваат, вели Јана Зенговска од Меѓаши.

По објавата на социјалните мрежи, мајката на 11 месечното дете доби пшоддршка од граѓаните да се бопри за правдата, а голем број на родители тврдат дека имале слични искуства со детските градинки.