Бизнис
17. October 2019 - 16:54

BBC: Еден иселен млад човек Македонија ја чини речиси 16.000 евра годишно

Колку губат земјите како Македонија од иселувањето на младите? Според Истражувањето  кое го направи Институтот за иновации и развој, кога еден човек одлучува да ја напушти земјата каде што се родил, пораснал и школувал, во куферот кој го носи со себе носи и дел од иднината на земјата, но и дел од тоа што таа земја го вложила во него.

Истражувањето е направено за Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија.  Од исeлувањето најмногу губи Бруто домашниот производ. Место во својата земја, емигрантот работи на економијата во некоја друга странска земја. БДП го сочинува се она  што поединецот во една земја  ќе го создаде за една година. Во економијaта од која си заминале, тие веќе не придонесуваат.

15.849 евра годишно губи  Македонија од иселувањето на едно лице,  а најмногу  Србија, нешто над 21,500 евра  годишно. Меѓутоа, штетата не завршува со оваа бројка, затоа што загубата е долгорочна, бидејќи заминуваат  млади лица.

Нешто под 29 илјади евра вложува македонецот за образованието на едно дипломирано лице. Во Србија , над 34 илјади евра.  Но кога ќе се споредат цените и платите во образованието во Србија и на пример, во  Германија излегува дека западните земји добиваат стручњаци десет пати поевтини од оние кои сами ги образуваат. Затоа, како што се наведува во истражувањето, сосема разбирливо е на Германија да и се исплкаќа да добива млади и образовани луѓе од Балканот, по ниски цени. Истражувачите велат дека секогаш е подобро да се увезе квалитетен производи, отколку да се произведе скап дома.

Иселувањето има и позитивен ефект: Тоа се дознаките однодно парите кои иселениците ги праќаат на своите дома. Во Макеоднија тие се 6% од БДП. Голем дел од парите кои иселениците ги праќаат одат или за преживување на семесјтвото за купување  на недвижнини. Заради ова балканскиот сон за финансирање со пари од странство е неодржлив на долг рок.