Кошарка
1. July 2020 - 19:50

Баските слават кошаркарска титула во Шпанија

Голема драма се случи во завршницата од шпанското кошаркарско првенство кое на крајот го освоија кошаркарите на Басконија кои во финалето славеа над Барселона со 69-67. 
Каталонците влегоа како голем фаворит во овој меч и го имаа последниот напад за победа откако претходно Лука Вилдоса на три секунди до крајот донесе предност за својот тим од 69-67. 
Сепак кошаркарот на Барселона Кори Хигинс не успеа да погоди тројка што му донесе шампионска титула на противникот во чии редови покрај Вилдоса блескаше и Полонара кој погоди важна тројка во финишот. 
Интересно е што тренерот на Барса Светислав Пешиќ
 бараше фаул на своите кошаркари пред Басконија да го изведе завршниот напад но тоа не се случи и казната стигна со загуба на посакуваниот трофеј. 
Вилдоса беше најефикасен со 17 поени кај новиот првак додека во редовите на Барселона се истакна Ертел со 21 поен.