Loading Video...
Фудбал
11. August 2022 - 17:57

Барди: Во Трабзонспор ќе се го остварам сонот да играм во Лигата на шампионите

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди пристигна во Турција, каде треба да го комплетира својот трансфер во Трабзонспор, од редовите на шпанскиот Леванте, вредн 3 милиони евра.
 
Веднаш по слетувањето на аеродромот во Истанбул, Барти истакна дека со овор трансфер ќе се реализира неговиот сон да игра во Лигата на шампионите.
 
„Среќен сум што сум овде. Подготвен сум да работам. Едвај чекам да ги запознам соиграчите и тренерот. Мотивиран сум што ќе играм за Трабзонспор. Овде дојдов да си го остварам сонот за настап во Лигата на шампионите“, изјави Барти
 
Според најавите Барди со Трабзонспор треба да потпише тригодишен договор.