Барбадос од утре станува најновата република во светот, кралицата Елизабета ќе биде заменета со досегашната гувернерка Сандра Мејсон
– Барбадос се подготвува утревечер да ги прекине врските со британската монархија, но наследството од неговото понекогаш брутално колонијално минато и влијанието на пандемијата врз туризмот се големи предизвици за овој карипски остров, што станува најнова република во светот.
Бабрадос, островот познат по преубавите плажи и огромната љубов кон крикетот, следната недела ќе го замени шефот на државата, кралицата Елизабета Втора, со нејзиниот актуелен претставник, генералната гувернерка на островот Сандра Мејсон.
Церемониите, утре и во вторник, вклучуваат воени паради и прослави по повод претседателската инаугурација на Сандра Мејсон. Почетокот на новата ера предизвика дебата меѓу населението од 285.000 луѓе за вековното британско влијание, вклучително и повеќе од 200 години ропство до 1834 година. Барбадос својата конечна независност ја стекна во 1966 година. -Како млада девојка, кога ќе слушнав за кралицата, бев многу возбудена, изјави Шерон Белами-Томпсон (50), продавачка на риби во главниот град Бриџтаун, која се сеќава дека имала околу осум години кога ја видела кралицата во посета. „Како што растев, почнав да се прашувам што всушност значи оваа кралица за мене и за мојата земја. Немаше никаква смисла“, рече таа. „Ќе биде прекрасно да се има претседател на Барбадос.
За младите активисти како што е Фирхаана Булбулија, основач на Муслиманското здружение на Барбадос, британскиот колонијализам и ропството се причина за современата нееднаквост на островот. -Јазот во богатството, способноста да се поседува земјиште, па дури и пристапот до банкарски заеми, сите имаат многу врска со структурите изградени под британско владеење, вели 26-годишната Булбулија.
„Вистинските синџири (на ропството) се скршени и ние повеќе не ги носиме, но менталните синџири сè уште постојат во нашето размислување, истакна таа. Во октомври Барбадос ја избра Мејсон за своја прва претседателка, една година откако премиерката Миа Мотли изјави дека земјата целосно ќе го напушти своето колонијално минато.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри