Банкнотата од 500 евра заминува во историјата - повеќе нема да се печати, но ќе се користи
Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок (26. Април) ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банконота. Претходно во јануари годинава, 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ).
Германската и австриската банка беа избрани да продолжат со печатење на банкнотата поради непречена транзиција и од логистички причини.
Постоечките банкноти во апоени од 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство, што значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.
Европската централна банка во 2016 година одлучи да го запре издавањето на банконотата откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но и за финанисрање на тероризам.
Лани над 30 отсто од 1.000 милијарди евра готовина во оптек биле во апоени од 500 евра.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово