Банките подготвени за исплата на социјалната и детска заштита
Банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита, која почнува од денеска за оние кои поседуваат дебитни картички, а од понеделник во експозитурите, соопшти Македонската банкарска асоцијација.
– Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата, преку банкоматите и во трговската мрежа од денеска, петок, 3 јули 2020 година во попладневните часови,наведуваат од Асоцијацијата.
За корисниците кои не користат картички, и овојпат исплатата ќе се спроведе во групи, во сите отворени филијали и експозитури на банките,
– 6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;.
Од банките ги замолуваат клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред, како и до препораките за заштита на здравјето, односно носење лична заштитна опрема и одржување соодветна дистанца
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација