Свет
24. јуни 2016 - 15:20

Бан се надева дека ЕУ ќе остане стабилен партнер на ОН

Генeралниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изрази надеж дека ЕУ ќе продолжи и по брегзит да биде стабилен партнер на ОН за хуманитарни прашања, мирот и безбедноста како и по однос на миграцијата.

Бан наведува во соопштение дека Лондон ќе ја задржи водечката улога во многу области, вклучително помош и развој.

Тој се надева дека Лондон и Брисел ќе дејствуваат во интерес на европските граѓани.