Бан Ки-мун: Лидерите на двете кипарски заедници ќе ги активираат преговорите за обединување
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вети дека ќе им даде поддршка на лидерите на двете кипарски заедници во решавачката фаза од преговорите за обединување на островот, изјави самиот тој по трилатералната средба со претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, и лидерот на непризнатата турската република Северен Кипар, Мустафа Аканџа.
Разговорите се оддржаа вчера во седиштето на ОН, пренесе ТАСС.
Според Бан Ки-мун, средбата била продуктивна и на неа била разгледана актуелната ситуација со преговорите за обединување на Кипар.
-Тие ме информираа дека планираат да ги активираат преговорите по нивното враќање во Кипар. Ги повикувам максимално да ја искористат оваа можност и искрено, без пролонгирање, да ги решат останатите прашања, изјави генералниот секретар на ОН.
Тој соопшти дека лидерите на двете заедници од него побарале поактивно учество во мировниот процес.
-Јас сум подготвен да ги поддржам со се што им е неопходно, вклучувајќи ги и меѓународните аспекти на проблемот. Претстојниот период ќе биде исклучително важен за Кипар. Времето има определено значење. ОН и јас лично ќе направиме се што е можно за да обезбедиме успешен резултат, подвлече Бан Ки-мун.
Тој пред новинарите излезе придружен од Анастасиадис и Аканџа и на крајот од неговата изјава лидерите на двете кипарски заедници си ги стегнаа рацете, забележа ТАСС.
Кипар е поделен на два дела од 1974 година, кога Турција упадна на островот по државниот преврат на приврзаниците на идејата за обединување со Грција.
Ново на Сител
-
Пожар во средното училиште за физичка култура, нема жртви, ниту поголеми штети
-
Поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ одржаа заедничка литургија во Охрид
-
Меџити го разреши директорот на Кардиохирургија Сашко Јовев
-
Лајчак и Ескобар вечерва на средба со Курти во Приштина, утре во Белград со Вучиќ
-
Радев го потпиша указот со предлог за избор на премиер Николај Денков
-
Бензините поевтинуваат од полноќ, цената на дизелот останува непроменета
-
Спасовски: До крајот на летото очекувам да се постават камери кои ќе регистрираат прекршоци на патиштата и низ градовите
-
Спасовски за лажните дојави за бомби: Со новите протоколи се интензивираа истрагите и дојдовме до резултати