Ракомет
12. January 2018 - 10:50

Балканското „класико“ предизвик за сите

Вечерва стартува ЕП во ракомет во Хрватска а на стартот дуел кој го привлекува вниманието од повеќе аспекти. Балканско „класико“  Хрватска против Србија, меч кој буди големи емоции кај двете екипи но и предизвик за организаторот да се надминат фрустрациите и да се избегнат несакани слики и сцени...

Славко Голуже поранешниот селектор на популарните „каубоји“ изјави во медиумите дека нема да има аплауз за Србија но дека мечот ќе биде психичко и емоционално истоштување за хрватските ракометари. 
Игор Крајачиќ изјави дека доколку дојде до инцидент со сопствените тела ќе ги заштитат српските играчи. 
Крајачиќ е соиграч на Марсениќ во Вардар и рече дека тој и неговите другари ќе го направат тоа што лично очекуваат противникот да го направи во слична ситуација...