Живот
17. January 2017 - 13:51

Балкански херој: Момчето кое нема раце научи да плива, а сега и да скија

Шестгодишното момче Исмаил Зулфиќ од Зеница е роден без раце, но тоа не му претставува пречка. Минатата година научил да плива, а оваа година ги започнал првите скијачки чекори со неговиот тренер Аднан Заимовиќ.
 
Исмаил не се разликува од своите врсници, а овие денови ужива на Бјелашница во зимските игри.
 
- Горд сум кога ги гледам сите овие деца. Тие се борци и полни со енергија која не може да се опише со зборови. Кога ги гледам сите грижи ги оставам настрана и веднаш ми се враќа насмевката, - изјавил таткото на младиот исмаил за „klix.ba“.
 
Приказната за ова момче е навистина инспиративна и доказ дека се може да се оствари ако се сака. Ова младо момче нека биде инспирација за сите нас.
 
Последнете го видеото...