„Балисти“ ќе навиваат за Косово против Македонија во баражот од Лигата на нации
Навивачката група на косовската фудбалска репрезентација позната како дардани објави дека се договориле со тетовските балисти со здружени сили да навиваат за Косово.
Навивачите на Шкендија се познати по антимакедонската пропаганда и затоа воопшто не изненадува оваа нивна авантура. Сега решија не само да им го завртат грбот на Висар Муслиу, Аријан Адеми, Енис Барди, Езџан Алиоски, Егзон Бејтулаи, туку и да навиваат против нив.
Покана да го бодрат Косово од трибините добила и навивачката група на скопски Шкупи, шверцери. Како што пренесува indeksOnline, шверцерите одбиле да се придружат изјавувајќи дека за нив постои само една албанска репрезентација, а тоа е онаа на Албанија.
Натпреварот помеѓу Македонија и Косово е полуфинален бараж за историски пласман на ЕУРО 2020 кој ќе се игра во Скопје на 26 март. Победникот потоа ќе брка пласман во финалниот бараж против победникот од натпреварот меѓу Грузија и Белорусија.
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат