Бајден: Пандемијата на невакцинираните мора да престане
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата – ја загрозуваат нејзината економија и го забавуваат закрепнувањето, јави Ен -Би -Си.
„Одбивањето да се вакцинираат не чини сите многу скапо“, изајви Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може, и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани.
Бајден, исто така, истакна дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повикува Американците да примат трета доза, велејќи дека истото ќе го стори и тој наскоро.
– Ако ја примивте вакцината на Фајзер во јануари, февруари, март оваа година и имате над 65 години, одете да земете бустер, рече Бајден.
-Или ако имате болест како дијабетес или сте работник во првата линија, како здравствен работник или наставник, сега можете да добиете бесплатна трета доза. Ќе ставам трета доза, тешко е да се признае дека сум над 65 години, но ќе примам бустер доза.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право