Loading Video...
Фудбал
7. November 2019 - 0:21

Баерн, Јуве и ПСЖ обезбедија пласман во нокаут фазата на ЛШ

 
По одигрувањето на натпреварите од 4.коло во сегментот на групите од А до Д во Лигата на шампионите, место во 1/16-финалето веќе обезбедија три екипи, Баерн, Јувентус и ПСЖ
 
Минхенски Баерн кој со 2:0 го победи Олимпијакос го задржа максималниот ефект и на две кола до крајот на групната фаза го осигура своето место напролет во елиминациската фаза. 
 
И францускиот ПСЖ има максимални 12 бодови откако со голот на Икарди го победи Клуб Бриж и е убедливо прв во групата А во која Реал е на чекор до пласман по убедливиот триумф над Галатасарај со 6:0 дуел во кој Родриго постигна три, а Бензема два гола. 
 
Јувентус како гостин во Москва ја победи Локомотива со 2:1 и тоа со голот на Даглас во последната мунута, па сега може мирно да ја чека нокаут фазата.
 
На чекор до шеснаесетинафиналето е и Тотенхем кој во Белград славеше против Црвена Звезда со 4:0 како и Манчестер Сити кој одигра само 1:1 против Атланта на гости. 
 
Во прилог на англискиот шампион му одеше и резултатот од дуелот во Загреб каде Динамо иако по голот на македонскиот репрезентативец Ариен Адеми во 90-тата минута водеше против Шахтјор со 3:1, сепак на крајот украинскиот тим успеа да освои бод откако во судискито дополнение погодија Мораеш и Мартинс од пенал. 
 
Следната петта рунда во ЛШ на програмата е на 26 и 27 ноември.