Бачовски: Блокадата на Собранието сериозна пречка за субвенциите на тутунарите
Блокадата на Собранието е сериозен проблем за исплата за субвенциите на земјоделците, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според нив, измените во Законот за земјоделство и рурален развој се клучни заради тоа што секоја година во април се носи една техничка измена која сега не се носи. Оттаму посочуваат дека Платежната агенција и пред ребалансот ги има сите пари за тутунарите, решенијата за еден ден може да се потпишат меѓутоа блокадата е кочницата во Собранието.
Директорот на агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, изјави дека причината за неисплатата на субвенциите на тутунарите е законската одредба за долговите спрема УЈП, која е донесена во 2015 година од сегашната опозиција, која во меѓувреме истата година носела решение за одложување на ова одредба.
– До 2015 година во Законот за земјоделство и рурален развој единствени точки каде се прави контрола дали земјоделецот должи или не биле дали има долг за земја, водарина и пашарина. Денешната опозиција што го блокира законот во 2015 година вели дека земјоделците треба да се проверуваат дали имаат долгови спрема УЈП. Истата година кога виделе дека тоа не профункционира, не може да се поврзат системите, УЈП си имаа различен начин на детектирање и следење на долговите, носат решение каде што таа одредба за УЈП ја одложуваат, односно тоа се вика одложена примена за следната година, рече директорот Бачовски.
Ова пракса според директор Бачовски, е примената од 2015 година до 2021 година без никаков проблем.
– Секоја година таа одредба се одложуваа и на таков начин тутунарите немаат блокада во исплата на субвенициите. Ова е прва година од 2015 година каде решаваат да го блокираат. Таа одложената примена е дадена од Министерството пред две-три месеци и таа така стои. Не е точно дека не се исплаќаат субвенциите поради тоа што нема пари. Јавно достапни се сите програми. Ние сме спремни од кога претседателот ќе го потпише указот на 17-18.000 тутунари со сума од 1.300.000 денари да им ги исплатиме субвенциите, наведе Бачовски.
Ново на Сител
-
Автомобил со скопски таблички падна во море во Неа Каликратија | ФОТО
-
Лидерите на Г7 се пошегуваа на сметка на Путин: Да јаваме коњ голи, како него | ВИДЕО
-
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
-
Возел со 194 km/h на автопатот Куманово - Скопје - Велес
-
Заев: Да живее Европска Преспа
-
Рама: Ја жалам Европската Унија
-
Петков: Со истите министри влегуваме во преговори за нова влада, јас ќе бидам кандидат за премиер
-
Се степале на градскиот плоштад во Тетово, приведени четворица