Фудбал
22. October 2015 - 18:09

Азар во Реал, замена Гризман?

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо е подготвен да го донесе во тимот Антоан Гризман од Атлетико Мадрид како замена за Еден Азар, пишува англискиот портал metro.co.uk.
 
Наводно Азар изразил желба да се пресели во Мадрид, а Мурињо нема ништо против, бидејќи го означил Гризман како идеална замена за Белгиецот.
 
Поради Гризман Мурињо е подготвен да го сруши клупскиот трансфер рекорд, кој го држи Фернандо Торез кој пред неколку години пристигна од Ливерпул за 50 милиони фунти.
 
Азар, како и повеќето играчи на Челзи, се наоѓа во лоша форма од почетокот на сезоната, тој сезонава сé уште нема постигнато гол. Од друга страна, Гризман веќе има постигнато шест голови, а од почетокот на 2015 година повеќе голови од францускиот репрезентативец имаат постигнато само Роналдо и Меси.