Автомобилскиот гигант Јагуар ги затвора фабриките и отпушта работници
Британскиот производител на автомобили Јагуар Ленд Ровер (ЈЛР) откако забележа намалување на продажбата во Европа и Кина, ги затвори своите фабрики на една недела.
Таквата одлука, како што пишува весникот „Гардијан“, е дел од подготовките за излез на Велика Британија од ЕУ. Затворени се четири британски фабрики, во кои работат вкупно 18.500 луѓе.
Најголемиот британски производител на автомобили има обичај да го прекине производството во пресрет на Велигден, но оваа година тоа го направи една недела порано.
Работниците во фабриките на ЈЛР и во текот на овие три недели, колку што ќе бидат затворени, ќе добиваат плата, но сите тие часови ќе мора да ги надополнат.
Покрај затворањето на фабриките, компанијата поради лошите бизнис резултати предизвикани од Брегзит, почна да им дава откази и на своите работници.
Во минатата фискална година ЈЛР продаде 578.915 свои возила, што претставува пад од речиси шест отсто, додека само во март продажбата се намалила за 8,2 отсто во споредба со истиот период минатата година.
ЈЛР ширум светот има 40.000 вработени, а ќе отпушти 4.500. Најголем број од отпуштените ќе бидат вработени на менаџерските позиции.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак