Македонија
18. May 2020 - 10:27

Автомобил удри седумгодишно дете во Велес

Вчера околу 16.10 часот во населба Бабуна во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано В.З.(26) од Велес удрилo во седумгодишнo девојче од Велес. По незгодата, девојчето било пренесено во Општата болница во Велес каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.