Македонија
8. May 2021 - 19:41

Автомобил се преврте пред Коњари

Страшна сообраќајна несреќа се случила попладнево на автопатот Штип - Скопје, пред селото Коњари.

Станува збор за возило кое е превртено на патот. Се уште трае полицискиот увид, а очевидци велат дека повредени а потенцијално и починати се повеќе лица кои биле во возилото. 

Од МВР велат дека детали за оваа сообраќајна незгода ќе соопштат по завршувањето на полицискиот увид.

Засега, полицијата е се уште на терен и работи на расчистување на околностите кои довеле до случувањето на оваа сообраќајна незгода.