Македонија
27. July 2019 - 13:56

Автомобил превртен на скопската обиколница

Денес околу 11:20 часот на обиколницата во близина на клучката Стајковци, од правецот Тетово кон Велес, пријавено е превртено патничко возило марка BMW X5 со скопски регистарски таблички, управувано од Д.С. (28) и сопатник Б.П. (32). Двајцата се од Куманово, информираат од МВР за КУРИР.

Како што дознава КУРИР, двете лица со повреди се пренесени во градската болница „Наум Охридски“, а детали за нивната здравствена состојба очекуваме наскоро.