Македонија
27. јуни 2020 - 15:23

Автомобил падна во Охридското Eзеро

Паркиран автомобил во близина на плажата „Горица“ заврши во Охридско Езеро. Автомобилот со охридски таблици паднал помеѓу комплексот вили и плажата „Горица 3“.

Извлекувањето на возилото марка „Тојота“ трае веќе неколку часа, а се извлекува со помош на брод и сајли.

Од МВР велат дека засега не е познато како дошло до несреќата, но потенцираат дека во возилото немало никој.