Балкан
27. August 2018 - 10:39

Автобуска несреќа на српски туристи во Грција

По судир на туристички автобус со комбе, противпожарната служба на Грција, со употреба на скала преку прозорецот на автобусот спаси 50 лица (48 патници и двајца возачи).

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во туристичкиот автобус се превезувале туристи од Србија, сите се неповредени, само двајцата возачи биле полесно повредени, а еден е пренесени во болница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, сообраќајната несреќа се случила околу два часа по полноќ во близина на Солун, а крајната дестинација на автобусот бил островот Евија.

Во спасувањето на туристите од автобусот, учествувале пет пожарникари со две возила.