Македонија
12. August 2018 - 11:53

Автобус удири во 11-годишно дете додека возело велосипед во Струга

Вчера во 19.40 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од с.Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ - Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.