Автобус прегази пешак во Скопје, уште еден тешко повреден во тешка сообраќајка
Дента околу 14.30 часот на булевар „Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), управуван од М.З. (53) од Скопје удрил во пешакот М.И. (52) од с.Бојане.
Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде бил задржано за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Вчера во 10.10 часот на крстосница од ул. „4-ти Јули“ и ул. „Атанас Иљоски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (60) од Скопје и теренско возило „Рено Канго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (62) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ.. Тој бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување.
Ново на Сител
-
МВР се поднови со осум „дачии“ донација од Германија
-
Реформи на безбедносно-разузнавачките служби, со контрола на граѓанскиот сектор
-
Колевски: Ветингот не смее да ја наруши самостојноста на јавното обвинителство
-
Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000
-
Стоилковски: Ако Филипче утврдил сомнителен инсулин, зошто нема постапка за одговорност
-
Заев: Сите политичари да бидат одговорни за препораките од УНЕСКО
-
До петок сите граѓани што скенираат фискални ќе го добијат повратот на ДДВ
-
Заев: Правиме храбри чекори за овозможување права на нашите граѓани